Огромен успех направија фудбалерите на Академија Пандев кои во Струмица се враќаат со освоени два КУП пехари. Попладнево во Скопје ,,пандевци,, им одржаа лекција на вардаровите деца, најпрво кадетите а потоа и младинците освојувајки го златото во ова македонско натпреварување.
Во тежок исцрпувачки натпревар, младинците на Академија Пандев со евроголот на Филип Михаилов донесоа радост и злато на градите на младите момци на Академијата која во својата историја ја запиша и третата Куп титула по неколкуте неуспешни финалиња во изминатите сезони.
Дилемите беа решени во 85 минута кога Михаилов со прекрасен евро гол од 20 метри ја затресе вардаровата мрежа и ги уништи надежите на скопјани да се радуваат на Куп титула.
Со денешниот успех Академија Пандев докажа дека ги има најдобриот фудбалски подмладок во земјава