• Tue. May 14th, 2024

Интензивно се гради кружниот тек кај Жито Струмица

ByDimitar Micev

Jun 15, 2017

Градежните работи за изградба на кружниот тек на крстосницата на булеварите „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“ кај Жито Струмица, а кои започнаа во неделата, се во полн ек. На ова ново сообраќајно решение во овој дел на градот се работи интензивно за побрзо надминување на проблемите со кои се соочуваат учесниците во сообраќајот. Општина Струмица апелира до граѓаните и сите учесници во сообраќајот, да го почитуваат временскиот режим за сообраќај на крстосницата додека траат градежните работи и им се заблагодарува за разбирањето и трпението кое што го покажаа во изминатиот период. Кружниот тек значително ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот затоа што оваа крстосница е една од најфреквентните во градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *