• Tue. May 21st, 2024

Известување од јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“

Со започнувањето на зонското паркирање, јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги известува станарите на улицата „Младинска” ( од булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата од улицата,,24-ти Октомври” и ул. ,,Братство Единство”), улицата ,,Панче Пешев” (од ул. ,,Младинска” до ул. ,,Братство Единство”), улицата ,,24-ти Октомври”, улицата ,,Братство Единство” ( од бул. ,,Mаршал Тито” до крстосница од ул. ,,24-ти Октомври” со ул. ,,Младинска”) и улицата ,,Васил Сурчев” Струмица кои немат гаража или дворно место за да ги паркират своите возила, дека од 22.05.2017 година во Дирекцијата на ЈП „Паркиралишта Струмица“ која што се наоѓа на булеварот „Маршал Тито“ бб ( во зградата над Комерцијална Банка) на 3-ти кат, можат да поднесат барање за издавање на повластен паркинг билет за физички лица (станари).

Потребни документи:
 лична карта (оригинал на увид)
 сообраќајна дозвола (оригинал на увид).
Повластениот паркинг билет за станарите од горенаведените улици, за едно возило е бесплатен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *