• Thu. May 16th, 2024

За мечот Македонија – Албанија во Струмица повикани Дени Илиев и Љупче Дориев

ByВане Трајков

Aug 21, 2017

Селекторот на македонската фудбалкса репрезентација Ангеловски за престојните мечеви на македонската репрезентација од квалификациите за СП во Русија против Израел и Алабнија  ги повика голманот Дени Илиев кој настапува за Арсенал и Љупче Дориев кој веќе постигна два гола за Академија Пандев на стартот од прволигашкито шампионат. Ова значи дека на мечот против Албанија на стадионот Младост во Струмица на 5 септември може да видиме струмичка тројка – искусниот Пандев но и младите Илиев и Дориев како струмички фудбалери

„Овој циклус сакам да го искористиме да создадеме тим кој долго ќе игра во репрезентацијата. Го повикав Илиев на голманската позиција бидејќи тој е член на Арсенал и голема наша надеж. Се врати од повредата и почна да брани во неговиот тим.“ – вели Ангеловски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *