• Wed. May 15th, 2024

Засега нема пари од Министерството за култура за Фолк фест Валандово

ByВане Трајков

Feb 23, 2022

Реномираниот фестивал ,,Фолк Фест Валандово’’ годинава нема да добие пари од годишните програми на Министерството за култура како поддршка. Од министерството за култура потврдија дека овој Фестивал го нема во проектите што ќе добијат пари за ова година од причина што организаторите, место во областа Фолклорна дејност конкурирале во областа Музичко сценска дејност

,, Со жалење можеме да констатираме дека е точно дека поради занемарување на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес од областа на фолклорот за 2022, Општина Валандово конкурирала на Годишниот конкурс за музика и музичко-сценска дејност. Затоа, стручната комисија која одлучувала за пријавата за „Фолк-фест Валандово“ го одбила проектот, бидејќи тој по својата содржина и суштина припаѓа на фолклорната дејност,, соопштија од Министерството за култура кои соопштија дека организаторите може да се жалат во рок од 15 дена по добивањето на решението

Градоначалникот Перо Костадинов ни кажа дека ќе поднесат жалба на објавените резулати. Паралелно се надеваат дека ќе добијат пари за фестивалот бидејки го имале планирано и во апликацијата ,,Валандово град на културата за 2022 година’’ за што веќе конкурирале

,, Независно дали ќе добиеме или не пари, Фестивалот ќе го реализираме со сопствени средства. Тој годинава одбележува 35 години постоење и ние како локална самоуправа имаме предвидено пари во Буџетот за ова година. Се надеваме дека годинава Валандово ќе биде град на културата каде како проект е вметнат во годишната програма. Фестивалот планираме да се одржи во месец мај а во моментов тече конкурсот за песни од домашни ис трански автори,, ни кажа Костадинов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *