• Sun. May 19th, 2024

Дојран на референдум за рудникот Казандол

Дојран утре на референдум ќе се изјаснува за рудникот Казандол. Граѓаните на општина Дојран ќе можат да гласаат за две референдумски прашања: „Дали сте за или против стопирање на работата на рудникот Казандол“ и „Дали сте за или против отворање на други рудници на територијата на нивната општина“? Право на глас имаат 2747 граѓани кои што утре ќе можат да гласаат на 8 избирачки места. За да биде успешен референдум треба да излезат најмалку 50% плус еден од граѓаните со право на глас.

Инаку во Дојран референдумот го изгласа советот едногласно по третпат, откако градоначалникот одбиваше да ја потпише одлуката за референдум, со образложение дека одлуката за работата на рудникот не е во надлежност на општината, туку на владата и за тоа таа ќе треба да донесе став и да се изјасни.

Овој е трет референдум во југоистокот и втор за рудникот казандол. Во април гевгеличани гласаа против отворање на рудници во нивната општина, а во јуни и Богданци кажа не за рудници. За рудникот Казандол ќе има референдум и во Валандово, на 20 август.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *