• Sun. May 19th, 2024

Дојде крајот на топлите и долги денови. Следува постудено и врнежливо време

дожд33Дојде крајот на топлите и долги денови. Сонцето, лесната облека, прошетките на отворено, останаа зад нас. Од сега секојдневие ќе ни бидат чадорите и потоплата облека. Метеоролозите најавуваат облачно време проследено со врнежи и температури кои до крајот на неделава ќе се движат околу 20 степени. По утрешното разведрување, четврток повторно ќе донесе облаци и услови за врнежи. Според метеоролозите од петок доаѓа период на наоблачување и намалување на температурите.

За викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд.  Во текот на наредната недела температурите постепено ќе почнат да опаѓаат, за во сабота да дојдат до максимални 15 степени, додека утринската температура ќе се спушти на 2 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *