• Sat. May 18th, 2024

Дино Мерлин ќе го затвори Струмица опен фест – Кој се ќе настапува во музичкиот дел ?

ByВане Трајков

Jun 19, 2017

Шестото издание на Струмица опен фест ќе стартува на 3 а ќе заврши на 13 август. На пет сцени  ќе се одржат 20 настани  а маѓијата на фестивалот ќе ја пренесат 80 артисти.

Музичкиот дел на фестивалот започнува во петок на 11 август и ќе настапат Гаро и браќата Тавитјан со специјалните гости од Балканот- Сергеј Четковиќ, Жељко Бебек и Јелена Томашевиќ. Во петок  ќе настапат и Галија, Александар Гaлоски и Пата пата рекордингс.

Во сабота  ќе настапат македонската пејачка Дани Димитровска, рок составот Ван гог, и балканската пејачка Јелена Розга

Во недела на сцената на Струмица опен фест ќе бидат Нино Величквоски, Qeen real Tribute, Disconnected and Cirillic а честа да го затвори фестивалот ке ја има  најпопуларниот балкански кант автро Дино Мерлин

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *