• Thu. May 16th, 2024

Денес помирно на јужната граница.Мигрантите и бегалците протестираат на Идомени но засега не се забележуваат поголеми групи да се приближуваат кон оградата.

Бегалците и мигрантите протестираат на неколку метри во внатрешноста на кампот.Засега нема поголеми инциденти но никој не знае до кога ситуацијата ќе остане смирена.Иако вчера била остварена средба на неколку претставници од мигрантите, грчки полициски службеници и новинарски екипи. Мигрантите се интересирале зошто државната граница на Македонија е затворена и кога истата повторно ќе се отвори. Од страна на претставник на МВР одговорено е на прашањата по што мигрантите во накратко се повлекоа наназат но за кратко огнот беше повтрорно разголен од волентерите и активисти за човекови права од Германија,Британија и Италија.

И денес грчката полиција без конкретни чекори за спречување на бегалците и мигрантите да не се приближуваат до оградата.Иако се постојано пред оградата која ја дели земјава од Грција остануваат неми набљудувачи.

Иако големата група на бегалци и мигранти синоќа пред полноќ беше разтргната и повлечена во внатрешноста на кампот Идомени , сепак од утрово поединци повтрорно се приближуваат до оградата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *