• Fri. May 17th, 2024

Дебата за пристап до информации и заштита на лични податоци

ByDimitar Micev

Feb 8, 2018

Бројот на жалби поднесени од страна на физички лица до Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, е во постојан пораст. Најголем број од жалбите завршиле со позитивен исход за барателот на информацијата. Ова значи дека барателот ја добил информацијата после отпочнување на постапката, или пак Комисијата одлучила во корист на баретелот.Вака стои во Извештајот од следење на работата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и Дирекцијата за заштита на лични податоци , кој денес беше промовиран пред струмичани. Вака изјави Магдалена Лембовска од Аналитика Тинк Тенк, на дебатата за пристап до информации и заштита на личните податоци.

На тркалезната маса организирана од страна на Аналитика Тинк Тенк се разговараше и за транспарентноста на институциите на локално ниво и улогата на граѓанскиот сектор на локално ниво за поголема отвореност и ефикасност на институциите.

Проектот за пристап до информации и заштита на личните податоци се имплементира повеќе од една година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *