• Tue. May 21st, 2024

Две мерни станици за споредба на резултатите од загадувањето во Струмица

Загадувањето во Струмица ќе се мери со две мерни станици поставени на различни локации во централното градско подрачје. Според градоначалникот Јаневски, првата станица којашто е поставена во кругот на општата болница во Струмица, се наоѓа во простор со голем број станбени згради но и големи загадувачи, што може да е причина за покачените вредности на пм10 честичките во одредени периоди од денот.

Дали овие вредности соодветствуваат со останатиот дел од градот ќе споредуваат со поставување на втората мерна станица којашто ја изработи лабораторијата Амбикон при Универзитетот Гоце Делчев. Таа наскоро треба да биде поставена на градскиот плоштад.

Според резултатите што ги објави министерството за животна средина, изминатиот период Струмица беше еден од најзагадените градови во државата во периодот од 18 до 21 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *