• Sun. May 19th, 2024

Градоначалникот Заев доби плакета од фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Претставници на меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“,на градоначалникот Зоран Заев му врачија плакета во знак на благодарност за неговата и континуираната поддршка на општина Струмица за фестивалот.
Заблагодарувајќи се, градоначалникот Заев рече дека му е чест што тој и општината го поддржуваат овој реномиран меѓународен фестивал. Во името на претставниците на Фестивалот, минатогодишниот лауреат на единствената награда за највисоко актерско достигнување „Ристо Шишков“ Бајруш Мјаку, рече дека овој фестивал има огромна културна вредност за Македонија и посака тој да има долг живот.

11223655_868198036566961_6099223624914544569_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *