• Sun. May 19th, 2024

Гевгелиски Кожув јуриша кон освојување на БИБЛ лигата

Кошаркарите на ,,Кожув,, направија голем исчекор кон пласманот во големото финале и освојување на регионалната БИБЛ лига. Во првиот полуфинален меч пред своја публика, гевгеличани славеа со 15 поени разлика над црногроскиот тим Морнар (86:71) и обезбедија капитална предност пред реваншот во Бар во Црна Гора

Понесени од гевгелиската публика, Кожув во последната четвртина го даде максимумот и направија солидна предност од од десетина поени за да во финишот ја достигнат најголемата предност од 15 поени, според многумина одлична залиха за пласман во финалето

Во таборот на Кожув најефикасен беше капитенот Брчков, кој уфрли 21 поен а не помалку беа ефикасни и Нешовиќ со 18 Штерјов со 14 и Ѓуроски со 13 поени. Реваншот во Црна Гора во Бар се игра следната недела на 29 март – вторник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *