• Tue. May 21st, 2024

Видео – Притвор за лицето што го застрела ловџијата кај Водоча- сакал да го прикрие настанот, тврди полицијата

ByВане Трајков

Dec 10, 2017

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица, поднесе кривична пријава против З.Ј (38) од Струмица, поради постоење на основано соменение дека сторил кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, а судија на претходна постапка од Основниот суд Струмица му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

МВР соопшти дека завчера околу 13,50 часот, на местото викано „Медев рид“, атар на село Белотино, во близина на браната Водоча, пријавениот заедно со уште седум лица бил на лов. Во еден момент испукал еден патрон со пушка сопственост на лице од Белотино и го погодил лицето Ж.И. од село Рич, кој во моментот се движел по шумска патека низ непрегледна шума на оддлеченост од околу 30 метри.

Пријавениот, со намера да го прикрие настанот, ги известил другите лица кои во меѓувреме дошле на помош, дека Ж.И од невнимание се самозастрелал, притоа ја зел пушката која ја користел сега починатиот и ја пренел на друго место на оддалеченост на околу 50 метри потпирајќи ја на една грмушка и враќајќи го петлето од пушката напред.

Еве што кажаа од струмичката полиција……

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *