• Sun. May 19th, 2024

Богданци кажа НЕ!

Над 98% од гласачите во Богданци коишто излегоа на гласање заокружиле “против” на референдумските прашања. Богданци кажа “не” за работата на рудникот Казандол и за отворање на други рудници во нивната општина. До 19 часот на гласале 61% од вкупниот број на гласачи.

Иницијаторите на референдумот очекуваат дека овој резултат ќе биде поттик за општините од целиот регион.
Од граѓанската организација ” Цивил” коишто го следоа текот на гласањето во Богданци, соопштуваат дека членови на Вмро Дпмне вршеле притисок врз гласачите да не излегуваат на гласање.
Референдум за рудникот во Казандол ќе има следната недела во Дојран, а Валандово собра потписи и чекаат општината да распише референдум за истиот рудник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *