• Sun. May 19th, 2024

Астраионци го враќаат ракометот на голема врата во Струмица, ги надиграа надежите на Кире Лазарев од Св.Николе

ByВане Трајков

Nov 12, 2017

Кадетите на РК,, Астраион,, од Струмица од натпревар во натпревар влегуваат во се подобра форма и стануваат главни конкуренти за првата позиција во групата 1 од кадетското ракометно првенство на Македонија.  По Борец и Велес ,, астраионци,, ја забележаа и третата победа во ова натпреварување. Пред повеќе стотици посетители, ракометарите родени 2000 тата година на струмичкиот ракометен клуб, брилираа и со пораз го испратија своите врсници од Свети Николе ,,Лазарови,, кои дома си отидоа со  резултат 31:19 а станува збор за школа потикната и подржана од големото ракометно име Кире Лазаров

Победата на ракометните надежи од Струмица во ниту еден момент не беше доведена во прашање оти на голот блескаа Гогов и Перованивиќ а во нападот свои шоуа имаа сите нивни колеги. Со брза динамична игра и со многу комбинации постигнаа дури 31 гол.  Славе Јанковски десетпати беше прецизен, Кавазов постигна 6, Велков 4, Котевски 3 а по два гола постигнаа Стојанов, Нурев, Касапов а мрежата на ,,Лазарови,, ја затресоа и Каракалашев и Катранџиев

Ова е трета победа на ,,Астраион,, кој ова сезона битката за плеј оф ќе ја бие со Текстилец од Штип и Тороспорт од Скопје, екипи кои исто така се со максимален учинок. Следното коло младите струмичани патуваат кај Радовиш каде се фаворити.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *