• Sun. May 19th, 2024

Академија Пандев Шампион – Ќе игра бараж за Втора лига

На две кола до крајот на шампионатот, Академија Пандев ја осигури титулата Шампиони во Третата фудбалска лига Исток. Последните дуели нема да одлучуваат за исходот на табелата каде ,, пандевци,, се први пред Плачковица од Радовиш и Беласица од Струмица. Ова значи дека Академијата со својот ,, сениорски,, состав ја отворија вратата за Втората лига. Сепак за пласман таму, ќе се игра Бараж натпревар.  Идната седмица ќе се знаат можните противници на Академијата а тоа ќе бидат победниците од петте Трети лиги и осмопласираната од Втората лига.

Спроед правилата на ФФРМ ќе се формират три бараж двојки а победниците заминуваат во Втора лига. До овој стадиум лани беше струмичка Беласица но за жал во Баражот не успеа да се најде во второто по квалитет фудбалско натпреварување на Макеоднија. Академијата на струмичкиот интернационалец Горан Пандев ја има шансата по пауза од неколку сезони на струмичани да им донесат второлигашки фудбал

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *